Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг по обвинениенијата за воени злосторства

Хашим Тачи и Кадри Весели, обвинети во Хаг за воени злосторства на ОВК/Фото: ЕPA-EFE

Специјализираните совети за злосторства на Ослободителната војска на Косово во Хаг им го продолжија притворот на поранешните водачи на таа организација, Кадри Весели и Хашим Тачи, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, пишува денеска Репортери.

Продолжен е притворот на поранешните водачи на ОВК Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои веќе две години се во притвор во Хаг под обвинение за воени злосторства.

Причините за продолжување на оваа мерка се ризикот од бегство и можноста за влијание врз сведоци, соопшти судот во Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот