Табела на медали: САД во последниот ден ја поминаа Кина и станаа најуспешна нација на Игрите во Токио

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

 Со финалниот натпревар на машкиот ватертполо турнир завршија и натпреварувањата на 32. Олимписки игри во Токио. На крајот, во последниот ден, најуспешна спортска нација стана САД која освои 39 златни медали, само еден повеќе од Кина.

Згора на тоа САД има освоено највеќе медали на Игрите во Токио, вкупно 113, а покрај 39 златни, освоија уште и 41 сребрен и 33 бронзени медали. Кина остана на 38 златни медали, 32 сребрени и 18 бронзени медали.

Трета најуспешна нација е домаќинот Јапонија кој освои 27 златни медали, Велика Британија освои 22 златни, додека на петтото место е Рускиот олимписки комитет со 20 освоени златни медали.

Од земјите во регионот, најуспешни се Хрватска и Србија кои освоија по три златни медали. Хрватите покрај тоа имаат и три сребрени и два бронзени медали, додека Србија на трите злата им придодаде и едно сребро и пет бронзи.

И Македонија е на листата на освојували на медали благодарение на Дејан Георгиевски. Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот