„Таа не ја нападна својата сестра, а Милан ја малтретира со години“: Се огласи мајката на Северина

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Загрепската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Како што дознава „Јутарњи лист“, причината за приведувањето била жестоката караница и тепачка во домот на мајката на пејачката.

Физичката пресметка и караницата се одвивала меѓу Северина со сестра ѝ Маријана. Според пријавата на сестра ѝ, Северина ѝ се нафрлила пред очите на нивната мајка во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Северина заминала од станот, а Маријана се упатила во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди. По нејзината сестра и пејачката побарала медицинска помош.

Скандал во Хрватска: Северина е уапсена во Загреб, се степала со сестра ѝ во станот на нивната мајка

По изјавите на сестрата на Северина, со писмена изјава се огласи и нивната мајка, Ана.

„Почитувани, јас сум мајка на Северина. Во вчерашниот дневник ја слушнавте изјавата на Милан Поповиќ, сите знаете кој е тој, само затоа што беше со мојата ќерка, никој за него не слушнал претходно. Тој објаснува што се случило во мојата куќа. Срам да му е. Од каде има право на тоа? Ниту бил тука ниту тука ќе влезе. Всушност, од каде зема за право веќе 10 години неприкладно да зборува за мојата ќерка, мајката за своето дете? Размислува ли тој воопшто за мојот внук, за неговиот син? Ја малтретира со години и јавно ја пцуе, а тоа е мајка на неговиот син. Тоа се ме боли и мене зашто ја гледам како живее. Следена, малтретирана, тужби, поткупување на луѓе, најлоши КГБ методи применува кон мојата Северина и луѓето во нејзина близина.

Синоќа прочитавте во неговата изјава дека не сум споменала дека Северина не ја нападнала својата сестра. Каде мојот поранешен зет доби право да ме стави во уста, а камоли да земе право да зборува во мое име за тоа што сум кажала, а што не сум кажала? Можеби сум стара, но не сум луда или сенилна. На крајот на краиштата, последен пат кога го видов тој човек, чие име не сакам ни да го изговорам, не ме ни поздрави иако јас го поздравив. Срам да му е!

Никогаш во живот не сум давала изјави до пред некој ден. Го повторувам тоа што го кажав во полиција дека Северина не ја повреди својата сестра, туку Маријана физички ја нападна Северина. Да, реков и дека и претходно имало непријатности меѓу нив и не е прв пат Маријана да ја пријавува Северина во полиција. Повторувам, имам 84 години, не сум физички во полна сила, но мозокот ми работи, а сила ми даваат моите внуци и правнуци“, објаснува мајката на Северина во писмото кое рачно го напишала, а нејзината вкуна го однела во „Dnevnik.hr“.

Во хрватските медиуми осамнаа фотографии од Северина на кои се гледаат повреди по нејзините раце и на главата. Покрај повредите уништен е и мобиниот телефон на пејачката.

Нејзиниот адвокат Мате Матиќ за споменатите медиуми го потврдил апсењето на поп-ѕвездата, само рече дека Северина во меѓувреме е ослободена и дека постапката ќе се одвива по редовен пат бидејќи „нема потреба од сета таа процедура која повлекува други работи. како претреси по дома како да е најголемиот дотичниот криминалец“.

Скандал во Хрватска: Северина е уапсена во Загреб, се степала со сестра ѝ во станот на нивната мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот