Фото: Hyperstar / Alamy / Profimedia

„Таа ми стана мајка“: Ноа Шнап не можел да се раздели од Винона Рајдер по завршувањето на „Почудни нешта“

Еден од најемотивните последни денови на снимањето на серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things) бил моментот кога Ноа Шнап морал да се прости од Винона Рајдер.

Рајдер со години ја толкуваше улогата на Џојс Бајерс – мајката на Вил Бајерс, ликот што го игра Шнап – речиси цела деценија во серијата. Во разговор за „Пипл“, 21-годишниот актер открива дека разделбата му паднала многу потешко отколку што очекувал.

„Не очекував дека ќе бидам толку тажен што таа завршува, но навистина имав чувство дека ми стана како вистинска мајка“, вели Шнап.

Снимањето на петтата и последна сезона траеше една година и официјално заврши во декември 2024 година. За Шнап, кој речиси десет години ја играше улогата на нејзин син на екран, простувањето било речиси невозможно.

„Се сеќавам на последниот ден – или подобро речено, на нејзиниот последен ден. Ја посетив на сетот и едноставно не можев да ја пуштам да си замине. Во нејзиниот трејлер си мислев: не очекував дека ќе бидам толку тажен, но таа навистина ми стана како мајка“, раскажува тој.

„Беше многу тешко. Постојано си велев: ‘Те молам, не. Не можеш да си одиш’. Со децата е поинаку – со Винона е потешко да се одржува контакт. Имав чувство дека никогаш повеќе нема да ја видам.“

Во серијата, Џојс Бајерс е мајка на Вил, кој исчезна во „Превртено“ во првата сезона и ја започна целата приказна во Хокинс. Во петтата сезона, односот мајка–син е прикажан поблиску од кога било, особено кога Вил ѝ се доверува на мајка си и на пријателите и зборува за својата сексуална ориентација, непосредно пред последната битка со Векна.

„Ми значеше сè што последната сезона ја поминав со неа. Таа ми е една од омилените партнери за сцени. Ја обожавам“, вели Шнап.

Тој додава дека од неа постојано учел: „Ми дозволуваше да истражувам, да пробувам нови работи. Таа е неверојатна. Навистина сум благодарен што можев да ја затворам оваа приказна токму со неа“.

Чувството отсекогаш било взаемно. На премиерата на првата сезона во 2016 година, Рајдер изјави за „Пипл“ дека „многу се приврзала“ и за Шнап и за Чарли Хитон, кој го игра нејзиниот постар син, Џонатан Бајерс.

„Не сум мајка, но навистина се приврзав. Ќе застанам тука. Тие се неверојатни. Многу ми помогнаа“, изјави таа тогаш.

Шнап имаше само 11 години кога почнало снимањето на серијата и кога првпат ја запозна Рајдер. Денес се сеќава дека таа била „исклучително заштитничка и мајчинска фигура“.

„Навистина се трудеше. Знаеше да ми каже: ‘Ќе дојдам на училиште, ќе ги поминеме репликите, ќе работиме заедно’. Ме покануваше во трејлерот, ме седнуваше и ми помагаше низ емоционалните сцени. Работеше со мене многу, многу посветено“, раскажа тој на настанот „Епик конс“ во 2024 година.

„Навистина сум пресреќен што ја имав таа среќа“, додаде младиот актер.

Емитувано финалето на серијата „Почудни нешта“: Крај на приказната што го полуде светот пред 10 години, кој ја преживеа последната битка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот