Емитувано финалето на серијата „Почудни нешта“: Крај на приказната што го полуде светот пред 10 години, кој ја преживеа последната битка?
Нетфликс, на 31 декември 2025 година, го објави долгоочекуваното финале на петтата и последна сезона на хит серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), со што заврши 10-годишната приказна што ги освои гледачите ширум светот.
Препорачано
Епизодата, насловена како „The Rightside Up“, трае околу два часа и носи емотивен и спектакуларен крај на авантурите на пријателите од малото гратче Хокинс.
Серијата што ја одбележа ерата на Нетфликс, лансираше бројни млади актери во ѕвезди и ја врати носталгијата за осумдесеттите години, со ова ја затвори приказната што ги држеше гледачите пред екраните со години.
Авторите постојано нагласуваа дека крајот е внимателно испланиран и претставува заокружена целина, но без да откриваат детали. Публиката ширум светот сега донесува свои сопствени проценки за финалето, што симболично го означува крајот на телевизиската ера.
Браќата Дафер претходно коментираа дека гледачите не ги очекуваат шокови како во „Игра на тронови“, туку виор од емоции.
– Сакаме гледачите да поитаат по последната епизода, но ветуваме дека нема да има крвава венчавка како во „Игра на тронови“. Нема да убиеме осум ликови и не подготвуваме шок. Веруваме дека и гледачите ќе се чувствуваат како што се чувствувавме ние и актерите, а тоа е збунувачки виор од емоции – истакнале брќата Дафер.
Последната епизода се вика „The Righside Up“ и трае два часа и осум минути. Социјалните мрежи се преплавени со теории и реакции од гледачите кои сè уште се помируваат со фактот дека крајот е близу. Многумина шпекулираат каков точно ќе биде крајот, но едно е сигурно – тоа е крај на една ера поради која не се рамнодушни ниту актерите, ниту креаторите на серијата, ниту публиката.


