Таа била богата, тој немал скршена пара: Забранетата љубов на Дино Мерлин за која зборува Балканот

Фото: banjalukain.com

Познатиот пејач Дино Мерлин неодамна ги распродаде билетите за дури четири концерти во белградската Штарк Арена.

Освен за музичката кариера на Мерлин, јавноста отсекогаш била љубопитна и за приватниот живот на пејачот.

Љубовната приказна на пејачот е слична на филм. И покрај сите препреки Дино Мерлин и негова сопруга Амела останаа заедно.

Во случајот на Дино и Амела станува збор за забранета љубов.

Дино ја запознал Амела на 17 години и оттогаш ја сака само неа. Во брак се повеќе од три децении, имаат две деца, а сѐ започнало – со криење.

Родителите на Амела биле против нивната врска, бидејќи Дино не бил богат, а таа била студентка по архитектура од богато семејство.

„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да нѐ раздели. По пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична венчавка, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која беше кума. Говорот на матичарот ми беше предолг, постојано гледав во вратата за да не дојде некој и да ни ја расипе среќата“, рекол во една прилика пејачот.

По венчавката заминале на свадбено патување во Дубровник.

„Кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме ударот на секојдневието. Ме чекаше голема одговорност за семејството и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да слушнат за неа. Но, времето лекува сѐ, па денес родителите на Амела ме сакаат и повеќе отколку што заслужувам“, се присетил Дино.

Пејачот своевремено за босанските медиуми изјави и дека никогаш нема да го заборави моментот кога со празни џебови се вратил од првата турнеја во Југославија.

„Мојата сопруга стоеше на вратата, со бебето. Наида имаше можеби половина година, а сопругата Амела штотуку го завршуваше факултетот по архитектура. Таа тивко ме праша: ‘Дали ни донесе нешто? Немам млеко’. Јас немав ниту една марка. Ништо не донесов бидејќи ништо не заработив. Имаше големи трошоци. Ќе дадев сè за да можев да одговорам таа вечер: „Да, донесов 100 марки“.

Дино во неколку наврати потенцираше дека Амела е идеална жена за него и голема поддршка во кариерата.

„Ако некој имал среќа во животот при изборот на партнер и животен сопатник, тогаш имав јас“, рекол пејачот пред неколку години.

Покрај сопругата, Дино се гордее и со своите деца – ќерката Наида и синот Хамза. За ќерката секогаш истакнувал дека е многу скромна, за разлика од синот, кој во детството имал список со нарачки за татко му кога одел на пат.

„Наида се роди кога ја започнав кариерата и во детството доживеа сè – од сиромаштија до, метафорично кажано, кавијар и шампањ. Се навикна на скромен живот, па нејзиниот одговор на моето прашање што да и донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: ‘Тато, ти благодарам, имам сè, само врати се дома што е можно побрзо’. Не ја интересираат материјалните работи, за разлика од нејзиниот помал брат. Кога се роди Хамза, веќе немавме никакви егзистенцијални проблеми и тој се навикна на тоа Амела и јас да му пружиме сѐ што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека да ја завршам реченицата, веќе има список со нарачки“, рекол своевремено популарниот пејач.

Покрената петиција против Дино Мерлин во Србија: Пејачот досега распродаде три концерти во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот