Покрената петиција против Дино Мерлин во Србија: Пејачот досега распродаде три концерти во Белград

Дино Мерлин / Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Босанскиот пејач Дино Мерлин закажа четири последователни концерти во Белград, а три од нив веќе се распродадени.

„Сараевскиот магионичар” ќе настапи пред своите српски обожаватели на 18, 19, 21 и 22 ноември во Белградската арена.

Иако има голем интерес за концертите, постојат и такви на кои им пречи тоа што босанскиот изведувач ќе одржи концерти во Белград, поради наводен говор на омраза од страна на Дино Мерлин кон српскиот народ.

Дино Мерлин / Фото: EPA/JEORG CARSTENSEN

На веб-страницата „Петиција онлајн“, се појави петиција за забрана за влез на Дино Мерлин во Србија. Досега се потпишале речиси 30.000 луѓе.

Сепак, пејачот во неколку наврати ги негираше ваквите изјави кои му се препишуваат.

„Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Многу од работите кои се пишуваа за мене низ годините се целосно измислени“, изјави Дино Мерлин во 2011 година за српската телевизија Прва, непоредно пред неговиот прв концерт во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот