СЗО: Вакцина против Ковид-19 не може да се очекува пред 2021 година

EPA EFE
Доброволец од Јужна Африка прима доза на вакцината од Оксфорд на 24 јуни - Фотографија ЕПА, Сифиве Сибеко

Од Светската здравствена организација објавија дека е забележан добар напредок во развојот на вакцина против коронавирусот, меѓутоа, и покрај тоа што некои од нив се во финална фаза, нивната употреба не може да се очекува пред 2021 година.

СЗО работи на тоа да се обезбеди правична дистрибуција на вакцините, но додека таа не се развие, државите треба да се трудат да го спречат ширењето на коронавирусот, изјави шефот за вонредни ситуации Мајк Рајан.

– Имаме добар напредок. Неколку вакцини се во третата фаза од тестирањето и досега ниедна не потфрлила во поглед на безбедноста и поттикнувањето на имунолошкиот одговор. Реално, вакцинирањето би можело да почне во првата половина на следната година – изјави Рајан.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

Тој го посочи Балканот како еден од регионите каде што ситуацијата со коронавирусот е најзагрижувачка во моментов.

– И додека во Западна Европа болеста е ставена под контрола, гледаме загрижувачки трендови на југот на Европа и на Балканот – изјави Рајан.

Состојбата во земјата во Балканот повторно е влошена, откако секојдневно се регистрираат стотици новозаразени со коронавирусот во овие земји.

Што се наоѓа во Оксфорд вакцината која треба да нѐ заштити од коронавирусот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот