СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс

EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти  дека досега има испорачани една милијарда дози вакцини против ковид-19 во рамките на програмата Ковакс.

Од СЗО предупредуваат дека оваа бројка треба да биде пресвртницата и „потсетник за тоа колку останува да се направи”, по акумулацијата на залихите на вакцини во богатите земји, пренесуваат американските медиуми.

СЗО прецизираше дека во вчерашната испорака на 1,1 милион дози вакцини за Руанда беше вклучена и милијардитата доза испорачана преку програмата Ковакс.

Во соопоштението на СЗО се наведува дека во рамките на програмата Ковакс, досега вакцини се испорачани во 144 земји, „но тоа е само потсетник за тоа колку уште треба да се направи”.

СЗО долго време ја критикуваше нееднаквата дистрибуција на вакцините и ги повика и производителите и земјите да и дадат приоритет на програмата Ковакс.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот