СВР Тетово: Внимателно кон Попова Шапка, Маврово и долината на Радика коловозите подмрзнуваат, а можни се и одрони

Фото: Скриншот

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да ја прилагодат брзина според условите на патот, посебно доколку патуваат кон Попова Шапка, Маврово или по долината на Радика и задолжително да поседуваат зимска опрема. Зашто, поради ниските температури наутро и навечер коловозите подмрзнуваат и стануваат лизгави, а во долината можни се и одрони од земја и камења.

„Се апелира, исто така, навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата и да се воздржат од консумирање на алкохол доколку седнуваат зад волан. Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, дотолку повеќе што неприлагодената брзина и минатата година беше причина број еден за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Тетово“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Фото: Слободен печат

Инаку на подрачјето на СВР Тетово продолжуваат засилените контролни активности во сообраќајот.

„Вчера од 14 до 20 часот спроведена е уште една од серијата контроли за брзина со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 20 возила, односно возачи (ТЕ-18 и ГВ-2) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци било заокружено и 51 (ТЕ) пречекорување на пропишаната брзина во населено место, од кои 3 за повеќе од 50 километри на час, како и 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот