Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Свлечишта и одрони на патиштата – ЦУК предупредува за опасност од несреќи

Обилните врнежи, коишто синоќа и утрово ги зафатија западниот и југозападниот регион, предизвикаа серија свлечишта и одрони на повеќе делници, а најмногу проблеми имаше на патиштата Дебар–Струга кај Џепчиште и Кичево–Охрид во близина на местото Извор. На бројот за итни повици 112 биле евидентирани повеќе пријави од возачи кои заглавиле или забележале делови од патот блокирани од земја и карпи.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека веднаш по првите дојави биле алармирани екипите на „Македонија пат“, кои излегле на терен и почнале со расчистување за да се спречи поголема опасност и можни несреќи.

– Наврнатите количини дожд предизвикаа активирање на нестабилни терени. Нашите екипи цела ноќ се на локациите и работат на расчистување за сообраќајот да се одвива безбедно. Ги повикуваме возачите на зголемено внимание, особено на планинските и критичните делови од патиштата – изјавија од ЦУК.

Од Центарот додаваат дека состојбата се следи во реално време и дека е можно поради нови врнежи да се појават дополнителни свлечишта на терени кои и претходно биле ризични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот