Фото: EPA-EFE/PETER POWELL .

Светскиот шампион во пикадо сака неговиот трофеј да биде поставен на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер јунајтед и во актуелната сезона е далеку од некаков успех и освојување на трофеј, но на „Олд Трафорд“ сепак би можел да биде поставен еден, меѓутоа не благодарение на фудбалерите.

Имено, 17-годишниот Лук Литлер кој вчера испиша историја и стана најмладиот освојувач на светската титула во пикардо е голем фан на Манчестер јунајтед и посакува неговиот трофеј да биде изложен на „Олд Трафорд“:

„Ако ми доволат, би сакал да биде поставен на „Олд Трафорд“, изјави Литле.р

Интересно е што Литлер еден ден пред вчерашната битка во финалето играше полуфинале против Стив Бунтинг кој е навивач Ливерпул.

Инаку, Литлер е роден во местото Варингтон кое е на средина помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, а тој од кога знае за себе е фан на гигантот од „Олд Трафорд“ кој се мачи во последните години.

ВИДЕО: На 17 години стана светски шампион во пикадо и освои награда од 500 милиони фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот