Светскиот шампион на колена, херојска победа на српските ракометарки!

Фото: EPA-EFE/BO AMSTRUP

Во тек се првите натпревари на Европското ракометно првенство во женска сениорска конкуренција кое се одржува во Данска, а шок уште на стартот за актуелните светски шампионки.

Во првото коло од групата „Ц“ репрезентацијата на Холандија загуби од Србија со 25:29, иако „лалињата“ водеа со 15:9 после првото полувреме.

Во првите 30 минути Србинките тешко играа во нападот, Холанѓанките знаеја тоа да го казнат, а потоа се случи и најлошото можно сценарио за српската репрезентација, односно поради тешка повреда на Ахиловата тетива теренот мораше да го напушти екс членот на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ.

Но, во вториот дел Србија успеа херојски да се врати резултатски и на крајот дури да слави голема победа на почетокот од ЕП. Во победничките редови најефикасна беше Крпеж-Слезак со 10 голови, а на спротивната страна Снелдер запиша пет.

Во истата група вчера селекцијата на Хрватска триумфираше против најдобрите унгарски ракометарки (24:22).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот