Светска премиера: Лускузни и спортски – BMW M8 Coupe и Convertible (ФОТО+ВИДЕО)

BMW ги претстави моделите со високи перформанси од Serieѕ 8. Покрај стандарните „M8“ верзии, тука се и оние со ознаката „Competition“.

Баварскиот производител ја заокружи понудата на Serieѕ 8 Coupe и Convertible и со претходно најавените „М“ верзии.

BMW M8, и во купе и во кабриолет верзии, под хаубата имаат 4.4-литарски V8 twin-turbo, познат од моделот „М“. Моторот испорачува 600 ks и 750 Nm во стандарните „M8“ верзии, додека во „Competition“ моделите моќта на погонските единици е зголемена на 625 „коња“.

Сите модели се опремени со подобрен „xDrive“ погон на сите четири тркала и 8-брзински „Steptronic“ автоматски менувач. BMW M8 Coupe oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3,3 секунди, a Convertible зa 3,4 секунди.

Овие времиња се пократки за по 0,1 секунди во Competition верзиите.

Возачот може да избере по еден од трите режими на возење – 2WD, со погона на задните тркала, како и 4WD и 4WD Sport кај кои моќта од моторот се пренесува на двете осовини на автомобилот.

Системот за суспензија е опремен со адаптивни амортизери, додека за управувачкиот систем е избран електромеханичкиот „M Servotronic“. Изборно, сите модели може да се нарачаат со „M“ карбонски сопирачки.

BMW M8 Coupe и Convertible ќе бидат официјално преставени пред публиката за време на „BMW #NextGen“ манифестацијата која кон крајот на јуни ќе се оддржи во Минхен, додека во продажните салони се очекува во септември.

[foogallery id=”33498″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот