Светот би бил во заседа ако денес го погоди и помалку интензивна бура од античката, која научниците временски ја лоцираа

Profimedia

Тим научници временски одреди една од најголемите соларни бури што ја погодила Земјата во 664 п.н.е., што би можело да биде навремено предупредување откако поларната светлина оваа година беше забележана значително подалеку на југ од вообичаеното, а Сонцето влезе во периодниот соларен максимум.

Научниците од Универзитетот во Аризона ја опишаа бурата што ја погодила Земјата со соларна радијација толку интензивна што денес би ја нарушила „електричната мрежа, сателитите и комуникациските мрежи ширум светот“, пишува агенцијата Dpa.

Бурата од 664 п.н.е. била значително поинтензивна од таканаречениот настан на Карингтон во 1859 година, кога Земјата за време на соларниот максимум била погодена од коронални исфрлања, што било забележано од страна на аматерскиот британски астроном по кого настанот го доби името.

Profimedia

Поларната светлина тогаш била видлива во тропските предели, а поради неа луѓето на северната хемисфера можеле да читаат и ноќе, пишува Dpa. Меѓутоа, тој настан ја „испржил“ тогашната технологија, пред сè телеграфите. Денес поради тоа би требало да бидат приземјени сите летови, а електричните мрежи во светот и поврзаната инфраструктура би морале да бидат исклучени како мерка на претпазливост.

Ова би се постигнало во најдоброто сценарио, во кое човештвото успешно предвидува кога ќе се случи ваква соларна бура. Фатен во заседа, светот би бил во голема неволја, дури и кога бурата би била многу помалку интензивна од онаа од минатата ера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот