СВЕШТЕНИЦИ СО ГОДИНИ ЗЛОСТАВУВАЛЕ СТОТИЦИ ЖРТВИ: Архиепископијата во Чикаго платила 80 милиони долари отштета

Фото: Профимедиа

Американец кој како дете бил жртва на свештеничко полово злоставување, во вторникот ги повикал другите жртви да го прекинат својот молк, а неговите адвокати откриле податок дека Архиепископијата во Чикаго платила 80 милиони долари за тие случаи со полово злоставување.

– Знам дека има уште многу други жртви кои мочат и страдаат. Тие мораат да го прекинат молкот – изјавил Џо Јакоко, на конференцијата за новинари, кој вели дека како 11-годишно момче бил сексуално злоставуван од свештеник.

Неговиот адвокат Џеф Андерсон рекол дека архиепископијата во Чикаго во последните ви. дваесет години им исплатила 80 милиони долари на 160 жртви. За тие дела се обвинети 48 свештеници.
Злоставувачите се разрешени од служба.

Архиепископијата не била достапна за компентар на прашањата на новинарската агенција „Франс Прес“.

– Парите не лекуваат, тоа нема да помогне болката да ја снема. Но, да се каже вистината и да се знае дека си направил нешто со што ќе им помогнеш на другите деца, тоа веќе е од помош – додал адвокатот Андерсон.

Католичката црква во Америка од избивање на кризата кон почетокот на 2000. години исплатиле повеќе од 3 милијарди долари во вонсудски спогодби, објави невладината организација ХИНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот