Фото: ЈП „Комунална хигиена“

СУТКОЗ: Платите во „Комунална“ доцнат, а вработените работат со камионите што им се на располагање

Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ вчера одржал состанок на кој се разговарало на состојбите во претпријатието на кој, иако бил поканет и директорот на претпријатието, тој не присуствувал.

Како што информираат од СУТКОЗ на вработените во „Комунална“ неколку месеци платата им се исплатува со задоцнување иако на сметката на претпријатието, редовно од наплатата на сметките од граѓаните се префрлаат парични средства.

И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба.  За таквата ситуација вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието, велат од Синдикатот.

„Комунална“ се пофали дека вработените редовно земаат плата, наместо да објасни зошто не се собира ѓубрето

Оттаму посочуваат дека вработените во претпријатието и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори, кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд, притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје.

Вчера пак од ЈП „Комунална хигиена“ информираа дека платите  се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување, но дека и покрај тоа, поради петдневно доцнење на платата,  се прават обиди за организирање протести.

„Комунална хигиена“ и Данела Арсовска под лупа на инспекторите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот