„Комунална“ се пофали дека вработените редовно земаат плата, наместо да објасни зошто не се собира ѓубрето
Наместо да објаснат зошто не го собираат отпадот и зошто Скопје се дави во ѓубре, од ЈП „Комунална хигиена“ пред малку се огласија во врска со платите на вработените соопштувајќи дека платите се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување и дека претпријатието е посветено на навремена исплата на плати.
Препорачано
Притоа, како што тврдат институции раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ и други — не добиле плати повеќе од три месеци, посочувајќи примери како што се Ј.К.П Пехчево, Јавно комунално претпријатие Тетово, Јавно комунално претпријатие С. Врапчиште, Јавно комунално претпријатие Комуналец – Градско и други.
КХС е загрижен дека се во тек напори за организирање и спроведување протести само поради петдневно задоцнување во исплатата на платите на КХС, што е смешно. КХС, исто така, ја известува јавноста за деценискиот финансиски проблем поради кој во последните 30 години КХС работи со долгови поради тоа што Министерството за здравство му должи над 5 милиони евра. Овој неплатен долг директно влијае на ликвидноста на КХС; доколку Министерството за здравство го исплати долгот во целост, КХС ќе може да гарантира дека платите никогаш нема да доцнат, дури ни за еден ден, се вели во соопштението од „Комунална хигиена“.
„Комунална хигиена“ и Данела Арсовска под лупа на инспекторите
Оттаму додаваат дека нивните вработени испорачуваат основни услуги за градот, а дека се постојано саботирани од луѓе од власта.
Ние ги исплаќаме платите на време и ќе продолжиме да го правиме тоа. Апелираме до Министерството за здравство веднаш да го исплати долгот од 5 милиони евра, за да не може никаков надворешен притисок или политичка акција да ја загрози егзистенцијата на нашите вработени – додаваат од претпријатието.
Значи, од соопштението на „Комунална“ може да се заклучи дека граѓаните можат да бидат спокојни, комуналците редовно примаат плата иако Скопје е претворено во депонија


