Депонија кај „Џевахир Скај Сити“ / Фото: „Хауз Мајстор“

„Комунална хигиена“ и Данела Арсовска под лупа на инспекторите

Владата реши да се спроведе вонреден инспекциски надзор за да се испита работата на Ј.П. ”Комунална хигиена”-Скопје и на градоначалникот на Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад кој предизвикува опасност по здравјето.

На денешната владина седница, ангажирани се Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, на територија на Град Скопје, да ја утврдат состојбата со комуналниот и со друг вид отпад и да преземат соодветни мерки.

— Воедно, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето — се вели во соопштението.

Од Владата велат дека состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, сепак ги повикуваат институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на седницата поради „континуираното непостапување“.

Од Основното јавно обвинителство, соопштија и дека веќе постапуваат и преземаат дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот