Фото: ccnull.de

Сушење алишта во затворен простор: Ова се три евтини и едноставни начини за заштеда на пари

Кога се приближува зимата, многу луѓе често се обидуваат да најдат брзи и евтини начини за сушење на влажните алишта во затворен простор без да им се натрупаат огромни сметки за струја и вода.

Експертката Мишел Фенг, за „Сан“ ги откри триковите и даде корисни совети за сушење алишта за време на студените денови за да се заштедат пари, а притоа облеката да мириса убаво.

Мишел објасни дека трошоците за работа на машината за сушење алишта зависат од нејзиниот вид.

„Онаа со топлинска пумпа обично е најевтина за користење, додека машината за сушење со кондензација и вентилација е поскапа. Трошокот за работа на машината за сушење алишта исто така може во голема мера да зависи и од енергетската ефикасност на одреден модел, заедно со локалните трошоци за електрична енергија“, рекла таа.

1. Трикот со крпа

Мишел рече дека постои едноставен начин да се намали времето на работа на машината за сушење алишта и со тоа таа да стане поекономична. А добрата вест е дека тоа е целосно бесплатно, бидејќи сè што ви треба веќе го имате дома.

„Ако ставите чиста крпа во машината за сушење алишта, тоа ќе помогне да се апсорбира вишокот на влага од влажната облека и да се подобри протокот на воздух во барабанот. Тоа, исто така, ќе помогне да се намали потребното време за работа“, објаснила експертката.

2. Малку позната програма на машината за перење алишта

Мишел рече дека малку познатата програма на машината за перење алишта може да помогне во намалувањето на брзината на сушење на влажната облека во затворен простор во текот на зимата.

„Користењето на циклусот на центрифугирање во машината за перење алишта пред сушење може да помогне да се отстрани вишокот на влага, а тоа може да помогне да се намали потребното време за работа на машината за сушење“, советувала таа.

3. Топчиња за машината за сушење алишта

Мишел препорача топчиња за машината за сушење, кои може да се купат за само евро по парче на некои онлајн продавници.

„Топчињата за сушење можат да помогнат во одвојувањето на облеката, што резултира со подобрен проток на воздух и помага да се забрза процесот на сушење во барабанот. Тие исто така можат да помогнат да се намалат наборите и природно да ги омекнат ткаенините во машината за сушење за подобар финален резултат“, објаснила Мишел.

Кога е најдобро да се користи машината за сушење алишта?

Препорачливо е сите кои имаат двотарифно броило за струја машината за сушење алишта да ја вклучат во периодот на ниска тарифа.

„Тоа ќе ги намали трошоците за електрична енергија потребни за работа на уредот по циклус“, објаснила Мишел, и нагласила дека е важно да се осигура дека машината за сушење не е преоптоварена.

„Полнењето до приближно три четвртини ќе обезбеди слободно движење на облеката, а истовремено ќе се оптимизира просторот и енергијата користени за работа на уредот. Постојат и помали задачи за одржување како што се празнење на филтерот за влакненца, чистење на разменувачот на топлина и обезбедување доволно простор околу машината за сушење за вентилација. За долгорочна заштеда, инвестирањето во нова машина за сушење алишта со висока енергетска ефикасност ќе биде значително поекономично“, истакнала таа.

На која температура да се стави машината за сушење алишта?

Мишел напомена дека изборот на соодветна поставка за материјалите во машината за сушење помага во намалувањето на трошењето енергија и пари. Некои машини за сушење нудат поставки за ладна, ниска, средна и висока температура за заштита на ткаенините и заштеда на енергија.

„Не постои универзална температура за сушење во машината за сушење, бидејќи тоа зависи од материјалите во барабанот. Најдобро е да ја проверите етикетата за нега на облеката за специфични упатства за да бидете сигурни дека облеката нема да се оштети за време на сушењето“, објасни Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот