Суперлига: Мулти Есенс имаше блескаво второ полувреме против Голден Арт

фото: RK Multi Essence

Иако по првото полувреме ракометарите на Голден Арт водеа со пет голови разлика со 16:11, нивниот противник Мулти Есенс направи пресврт во вториот дел славејќи со 24:23 во рамките од македонската Суперлига.

РК Мулти Есенс со блескаво второ полувреме дојде до победа против Голден Арт во првиот меч од плеј-аутот во шампионатот.

Играчите на Мулти Есенс ја анулираа негативата со посветена игра во нападот и во одбраната и така дојде до важен триумф.

Клучна за победата на гостински терен беше и одбраната на Ѓорги Ерманоски во последниот напад на РК Голден Арт.

Најдобар стрелец во победничката екипа беше Давид Димевски со десет гола, пред Михаил Ивановски со шест, додека Божидар Илиески уфрли четири гола во мрежата на противникот.

На спротивната страна како прв стрелец се истакна Христијан Милошески со седум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот