Суперлига: Е. Пелистер ја оправда фаворитската улога против Пролет

Стипе Мандалиниќ (Е. Пелистер) во акција против Т. Пролет/Фото: Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер ја запишаа шестата последователна победа, деветта во десет дуели од Суперлигата, откако попладнево полесно од предвиденото го надиграа Т. Пролет во Битола со 38:22 (21:7).

Денешниот дуел битолчани го решија уште во првите десет минути. Скопскиот клуб не постигна ниту еден гол во овој дел од мечот, во кој домаќинот одигра цврсто во одбраната и ефикасно во нападот, набрзина поведувајќи со 7:0. Со импресивна игра до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи составот на Бабиќ со убедливи 21-7.

Е. Пелистер го почна и вториот дел со мини-серија од 3:0, покажувајќи дека немаат намера да го намалат високото темпо што го наметнаа. Веќе беше познат победникот, па двете екипи одиграа без притисок во преостанатиот дел од средбата, за конечни 38:22.

Ракомет – Суперлига (10. коло)
Е. Пелистер – Пролет 38:22 (21:7)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Е. Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 5, Маркоски 2, Маџовски 2, Мандалиниќ 2, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 6, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 4, Граџан 3, Обрадовиќ 2, Табоада 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути

Т. Пролет:
Петковски, Цветковски, Аларов 5, Тотиќ, Пецаковски 3, Додевски 3, Димов, Андоновски, Џонов 1, Мајнов 6, Крстески 1, Димковски 1, Голубовиќ 1, Фичорски, Палевски, Пејовиќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот