Супер лига: Еурофарм Пелистер без проблеми против „својот“ поранешен тренер Јовиќ

фото: rkprolet.mk

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување во рамките од претпоследното коло во македонската ракометна Супер лига откако со 32:31 славеше против Тинекс Пролет. Тоа беше дуел меѓу битолската екипа и нејзиниот поранешен тренер Александар Јовиќ кој сега е на клупата на Тинекс Пролет.

На стартот од натпреварот се водеше рамноправна борба на паркетот, резултатот на семафорот стоеше 5:5, а потоа Еурофарм Пелистер заигра далеку подобро во одбраната, по што влезе во серија и набрзина поведе со 10:5.

Тинекс Пролет за момент се консолидираше и намали на 12:9, но завршницата од првиот дел помина во знакот на ракометарите на Бранислав Ангеловски, кои на одмор заминаа со водство од 18:12.

Тинекс Пролет лошо го почна второто полувреме, а тоа го искористи неговиот ривал со серија од 6:0, експресно поведувајќи со 24:12. И тука веќе сите дилеми беа решени, отпорот на Тинекс Пролет беше целосно скршен, па до крајот на мечот се играше егал, без преголем притисок во одбраните на двете страни, за овој меч да заврши со конечни 32:21.

По четири голови во победничките редови реализираа Радивојевиќ, Кузмановски, Пешевски и Василев, а на спротивната страна најефикасен беше Арсеновски со пет голови, четири постигна Андоновски, три Димковски.

Во другите денешни мечеви: РК Аеродром – Охрид 30:37, Еурофарм Пелистер 2 – Струга 22:17, Бутел Скопје – Вардар Неготино 26:19, Голден Арт – Прилеп 28:18.

На табелата во групата „Б“ Еурофарм Пелистер е на втората позиција со 36 бодови, колку што има и водечкиот Вардар. Тинекс Пролет е четвртопласиран на едно коло до крајот на Супер лигата, со два бода предност во однос на Голден Арт на петтата позиција. За пласман во плејофот на Тинекс Пролет ќе му биде доволен бод во последното коло на домашен терен од Бутел, или Голден Арт да не триумфира во својот последен меч против екипата на Вардар.

Супер лига

Група „А“
Табела: РК Алкалоид 39 бодови, Охрид 30, Тиквеш 30, Струга 18, Еурофарм Пелистер 15, РК Аеродром 13, Куманово 4, Скопје 2020 2.

Група „Б“
Табела: Вардар 1961 36 бодови, Еурофарм Пелистер 36, Бутел Скопје 24, Тинекс Пролет 19, Голден Арт 17, Прилеп 10, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот