Сугарески и Китанов на увид во рехаблитација на патот Маврово – Никифорово

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Никифорово.

Патот е долг 6,6 километри и во тек се активности за асфалтирање што се очекува да завршат следниот месец.

Инвестицијата за предвидените активности за рехабилитација изнесува 53 милиони денари.

Рехабилитацијата на патот стартуваше годинава и е дел од Програмата на за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на ЈПДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот