Суеверија во кои веруваме… Или не? Прочитајте ги најчестите суеверија кај нас!

црна мачка
EPA-EFE/Toms Kalnins

Во балканскиот фолклор, но и култура на живеење постојат неколку различни верувања што се сметаат за суеверија.

Оставање на торба/чанта на под – губење пари

Сигурно сте слушнале коментар „Не ја оставај чантата на подот, нема да имаш пари“ од баба, тетка или мајка. Замислете си кога доаѓате уморни од предавање на факултет, или од работа и ја спуштате чантата или торбата со лаптоп на подот. Суеверието на нашите баби ќе излезе веднаш како „дух од ламба“, дека не е добро да оставаме чанта на земја, затоа што никогаш нема да имаме пари или ќе изгубиме пари…
Проверете си сега каде ви е чантата? 🙂

Црна мачка на патот

Признајте дека кога ќе видите црна мачка како ви пресекува пат, се враќате три чекори назад и малку поплукувате. Кога бев помала, редовно го правев тоа. Сега, ги галам мачките.

Сепак, ова суеверие датира од ептееeн одамна. Се смета дека црната мачка собира негативна енергија и дека ако ви го „пресече’ патот, денот нема да ви тргне на убаво.

скршено огледало
Скршено огледало/Vladimir Polikarpov / Alamy / Alamy / Profimedia

Седење во ќошот од масата додека јадете

Суеверието вели дека ако седите на ќош на масата на која заеднички јадете со вашето семејство, ќе останете неженет/немажена. Имам седено стопати до сега по ќошеви, и се омажив. Така да ова суеверие ќе го отфрилме по принципот на доказ. 🙂

Фрлање ѓубре навечер или трошки од прозорец

Според бабите, ако фрлаш ѓубре навечер, ќе си ја „фрлиш“ и среќата, а ако истураш трошки од прозорец, „ќе си ја истуриш“ среќата и сите работи ќе ти одат надолу. Не сум сигурна колку сево ова има врска со хигиената или прагматичноста да не истураат трошки врз главата на можеби некој сосед под вас. Ако живеете во зграда, секако.

Скршено огледало носи седум години несреќа

Срам ми е да кажам дека имам скршено повеќе од 3 огледала во животот. И тоа секогаш се тоа огледалца од несесерот. Суеверието можеби значи да сме повнимателни со кршливите предмети во животот. Седум години сепак се претеризам! 🙂

Имате ли вие на ум некое суеверие што не го спомнавме? Споделете со нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот