Судската администрација нема да има ист додаток на плата како судиите

Фото: МИА

Судскиот буџетски совет нема да го исполни барањето на судската администрација, зашто им е покачена платата.

– Судскиот буџетски совет на ден 1.11.2019 година донесе Одлука за висината на додатоците на плата за месец Октомври за судиите во висина од 10%, а за судските службеници во висина од 5%, од причини што на судските службеници со изменување и дополнување на законските прописи од месец Септември 2019 година им се покачи платата од 5% и со додатокот на плата од 5% за месец Октомври 2019 година, вкупниот износ е зголемен за 10% – се наведува во соопштението на Судскиот буџетски совет.

Објаснуваат дека судиите имаат право на додаток на плата за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

– Согласно членот 7 од Правилникот за додатоци на плата нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Северна Македонија, висината на додатоците на плата на претседателите на судовите и судиите се утврдува во процентуален износ од основната плата на судијата за: Посебни услови за работа во висина од 10 отсто; Постоење на висок ризик во висина од 10 отсто и Доверливост во висина од 15 отсто – се наведува во соопштението.

Судскиот буџетски совет вкупниот износ за исплата на додатоците го определува секој месец со посебна одлука во зависност од расположивиот буџет на Судската власт.

– Имајќи ги во предвид погоре цитираните одредби од Законот и Правилникот, Судскиот буџетски совет одлучи додатокот на плата за судии за месец Октомври 2019 година да изнесува 10% наместо предвидениот износ од 35%, како процентуално би се изедначиле со Судската служба – соопштија од Судскиот буџетски совет.

Наведуваат дека на судската служба им е исплатена платата за месец септември и октомври 2016 година, како и додатоците на плата.

СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НАЈАВИ ШТРАЈК: Бараат еднакви додатоци на плати како за судиите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот