СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НАЈАВИ ШТРАЈК: Бараат еднакви додатоци на плати како за судиите

Фото: Слободен печат

Наредната недела протест во сите судови, најавува синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).

Тие размислуваат и за бојкот во работата, односно како што рече генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејановски, таканаречен бел штрајк.

До ова ќе дојде ако судската администрација не ги добиe исплатите на додатоци за плата за септември и октомври.

Тие се револтирани бидејќи судиите земаат додаток на плата од 6.000 до 8.000 денари, а судските службеници драстично помалку, односно од 500 до 1.500 денари.

– Прво работите сакаме да ги решиме преку дијалог, доколку не, се знаат нашите чекори – рече Дејановски.

Синдикатот бара корекција на додатоците на плати од Судскиот буџетски совет.

Реагираа дека сѐ уште не им се исплатени платите од 2016 година, за периодот додека протестираа. Станува збор за 40 отсто од плата за месеците јуни и јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот