Судот одлучува дали на претепаниот Трајковски ќе му се суди во отсуство

Поради здравствената состојба на Тони Трајковски, обвинет во „ТНТ“, неговиот адвокат Јовица Страшевски побара да се раздвои постапката против неговиот клиент и членовите на комисијата, што би значело овој судски процес да финишира само со обвинетите Миле Јанакиески и Никола Груевски на кој му се суди во отстство.

– Со раздвојување на постапката сметам дека судот ќе функционира економично, во спротивно сметам дека постапката ќе се одолговлекува. Тони Трајковски и членовите на комисијата истите се јавуваат како заеднички ги сториле повредите од законот за јавна набавка – рече обвинителот Бурим Рустеми.

Адвокатот Дончо Наков рече дека постапката не може да се раздвои поради поврзаноста на обвинетите во постапката.

– Ако се раздвојува предметот јас како бранителот на обвинетата Елизабета Најдовска ќе треба да предложам предметот да се раздвои и за неа – рече адвокатот Мерџан Даути.

Судечкиот совет ќе одлучи дали да ја раздвои постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот