„Судниот ден“: Се топи огромен глечер на Антарктикот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Научниците кои го проучуваат огромниот глечер „Твајтс“ на Антарктикот, наречен „Судниот ден“, тврдат дека топла вода навлегува во неговите слаби точки и го зголемува топењето предизвикано од зголемената температура на воздухот, се наведува во двата труда објавени денеска во списанието „Nature“.

Твајтс, кој е приближно колку Флорида, претставува глобален потенцијал за пораст на нивото на морето за повеќе од половина метар Тоа би можело да ги дестабилизира соседните глечери што може да предизвика дополнително покачување од три метри.


Глечерот Тејтс го истражуваа тим од 13 американски и британски научници околу шест недели на глечерот кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година. Тоа е најголема теренска кампања досега спроведена на Антарктикот.

Научниците користеа подводно роботско возило „Icefin“, следејќи ја линијата на заземјување на глечерот, каде што мразот се лизга од глечерот и првпат се среќава со океанот.

Во еден од трудовите, предводени од Бритни Шмит од Универзитетот Корнел, откриено е дека потопла вода навлегува во пукнатините и другите отвори познати како тераси, предизвикувајќи странично топење од 30 метри или повеќе годишно.

„Топлата вода навлегува во најслабите делови на глечерот и ја влошува ситуацијата. Тоа е нешто за кое сите треба да бидеме многу загрижени, посочи Шмит“, додавајќи оти климатските промени допираат до изолираниот Антарктик.

Научниците претходно зависеле од сателитски снимки за да го покажат однесувањето на мразот, поради што не можеле да добијат прецизни детали.

Според програмски директор за наука за Антарктикот во Националната научна фондација, Пол Катлер, кој не беше вклучен во мисијата на Антарктикот, „наодите ќе помогнат да се развијат модели за климатски промени“.

„Овие работи сега можат да се земат предвид во моделите кои ќе предвидат идно однесување, а токму тоа беше целта на оваа работа“, истакна Катлер.

Нов доказ дека на Антарктикот се случува голема промена: Растенијата зафаќаат сè поголема територија

Температура за 38 степени повисока од вообичаеното измерена на Антарктикот

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот