Нов доказ дека на Антарктикот се случува голема промена: Растенијата зафаќаат сè поголема територија

Антарктик/ Фото HO / AFP / Profimedia

Двата вида растенија кои се автохтони на Антарктикот рапидно се шират поради зголемувањето на температурите, се вели во студијата во која се покажуваат како промените во кревките поларни екосистеми се забрзаа во изминатата деценија, пишува Гардијан.

Зголемувањето на бројот на растенија од 2009-та година до сега се зголеми повеќе отколку во претходните 50 години заедно, што се совпаѓа со брзото зголемување на температурата на воздухот и намалувањето на бројот на фоките, велат истражувачите кои работат на островот Сигни на јужните Оркнејски Острови.

Во претходнава деценија, затоплувањето во летата се зголемиле од 0.02 степени на 0.27 степени годишно, иако ваквите температури се намалија во 2012 година.

„Копнените екосистеми на Антарктикот брзо реагираат на овие климатски промени“, рече водечкиот истражувач проф. Николета Каноне, од Универзитетот во Комо, Италија. „Очекував зголемување на овие растенија, но не од оваа големина, добиваме повеќе докази дека се случува голема промена на Антарктикот“.

Растенијата се прилагодени на многу кратка сезона на растење и се способни да извршуваат фотосинтеза во снежни услови со температури на воздухот под 0 степени. И покрај тоа што се способни да се размножуваат брзо и во сурови климатски услови, тие не се добри во конкуренција со други неавтохтони растенија. Иако затоплувањето може да биде од корист за некои изолирани автохтони видови, тоа во голема мера го зголемува ризикот од воспоставување на неавтохтони видови кои би можеле да ги надминат домашните видови и да предизвикаат неповратна загуба на дивиот свет, предупредуваат истражувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот