Судири меѓу кланови во Јужен Судан, најмалку 18 загинати
Најмалку 18 лица загинаа во обновените судири меѓу два клана во Јужен Судан, изјави претставник на локалните власти, јави ДПА.
Препорачано
-Судирите избувнаа вчера доцна вчерта во државата Ворап, на северот од земјата, изјави обласниот комесар, Самуел Аван.
Судирите продолжиле и утринава, оставајќи за нив уште 34 поврдени лица.
-Десетици деца се избегани и се уште се кријат, додаде Аван.
Борбите меѓу двата ривалски клана ги предизвика убиството на еден маж во четвртокот вечерта од непознато вооружено лице.
-Кланот на убиеното лице за настанот го обвини ривалскиот клан, рече Аван.
Додека ситуацијата не се смири, властите стравуваат дека без интервенција од владата може да дојде до ново разгорување на страстите, појаснува ДПА.
Во септември, владата ги запре плановите за разоружување со цел да ги одржи мирот и безбедноста во државата Ворап.
Во август во овој регион се убиени повеќе од 100 лица, бидејќи армијата и цивилите се судрија токму околу разоружувањето, потсети ДПА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


