Судир на фаворитите во Минхен, Швајцарците подготвуваат нова сензација

epa09306347 Eden Hazard (L) of Belgium in action against Renato Sanches (R) of Portugal during the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between Belgium and Portugal in Seville, Spain, 27 June 2021. EPA-EFE/Jose Manuel Vidal / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Денеска се играат првите два четвртфинални натпревари на ЕП, Швајцарија – Шпанија и дербито во оваа фаза помеѓу Белгија и Италија.

Дербито на четврфиналето на Евро 2020 ќе се игра вечерва (21 часот) во Минхен, каде ќе се сретнат едни од најголемите фаворити за трофејот, Белгија и Италија.
Белгијците беа меѓу главните фаворити и пред почетокот на Евро 2020, додека Италијанците израснаа во фаворити со одличните игри во групната фаза и го натераа фудбалскиот свет повторно да им се воодушевува.

EPA-EFE/Justin Tallis

„Аѕурите“ предводени од селекторот Роберто Манчини врзаа серија од 31 натпревари без пораз, но вечерашниот дуел против талентираниот состав на Белгија која има фантанстични фудбалери ќе биде нивниот најголем тест во последните неколку години.

И двете репрезентрации во групната фаза остварија максимални три победи, но во осминафиналето покажаа дека се ранливи, Италија ја победи Австрија со 2:1 по продолеженијата, но во регуларните 90 минути ВАР два пати ги спаси „аѕурите“.Од друга страна Белгија ја совлада Португалија со 1:0, но по повредата на Кевин де Брујне, не беше доминантна, напротив Португалците го диктираа ритамот но не успеаја да постигнат гол.

Де Брујне го напушта теренот поради повреда фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Дополнителен проблем за селекторот на Белгија, Роберто Мартинез претставува податокот што двајцата клучни играчи, Еден Азар и Кевин де Брујне имаат проблеми со повредите и сигурно нема да можат да го дадат максимумот доколку се најдат на теренот на Арената во Минхен.
– Можно е поради нашето отсуство од големите натпреварувања, Белгија да е поискусна од нас, но ние сме оптимисти. Знаеме дека тие се прва репрезентација според рејтингот на ФИФА, а тоа доволно зборува за нивниот потенцијал. Ќе бидеме претпазливи, но нема да се откажеме од нашата игра која ни носи резултат – вели напаѓачот на Италија, Чиро Имобиле.
Од друга страна, во таборот на Белгија, сите мисли се насочени кон Азар и Де Брујне, односно дали ќе бидат подготвени за настап.
– Наш единствен проблем е што натпреварот ни доаѓа многу брзо, па не сме сигурни дека Де Брујне и Азар ќе бидат подготвени. Тие избегнаа потешки повреди и се надеваме дека ќе бидат подготвени за настап. Тоа што го знаеме е дека Италија е најдобра екипа на Евро 2020, не очекува одличен натпревар и голема борба на две фантастични селекции – изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

EPA-EFE/Stuart Franklin

Во првото четвртфинале кое ќе се игра во Санкт Петербург (18 часот) Шпанија ќе игра против селекцијата која го направи најголемото изненадување во осминафиналето, Швајцарија.
Швајцарците за прв пат по СП 1954 година кое се одржа во нивната држава, се пласираа во четвртфинале на едно големо натпреварување, но според најавите немаат намера да застанат тука. Откако успеаја да го елиминираат првиот фаворит на ЕП, Франција, тие се надеваат дека ќе успеат да изненадат уште еден фаворит, Шпанија. Швајцарците губеа со 3:1 од Франција до 81 минута но успеаја да израмнат и да го однесат натпреварот до пенал рулетот каде во последната серија Јан Зомер го идбрани ударот на Килијан Мбапе.

EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

– Натпреварот против Франција беше премногу емотивен за нас. Момците дадоа 120 проценти од своите можности, тоа беше најдобра партија на мојот тим досега. Сега истот мора да го повториме и против Шпанија – вели селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ кој денеска нема да може да смета на суспендираниот Гранит Џака.
„Црвената фурија“ по лошиот старт на Евро 2020, на последните два натпревари и тоа кога беше најпотребно постигна 10 гола со што ги натера конкурентите повторно да стравуваат од нив.
– Ни зборуваа дека не можеме да постигне гол, но не се грижевме за тоа. Не ми е гајле против кого играме во четвртфиналето бидејќи не зависиме од нив и во натпреварот влегуваме горди и амбициозни со желба да се пласираме во полуфиналето – вели Феран Торес.
Победниците од денешните натпревари ќе играат во полуфиналето на „Вемлби“ во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот