Судија прекина финале поради непочитување на правилата за дистанца! (ВИДЕО)

EPA/ADAM CIERESZKO

Во Данска се играше финалниот натпревар од националниот куп во кој Сондерјиске на крајот триумфираше над Алборг со 0:2.

Херој на Сондерјиске до триумфот беше Андерс Јакобсен кој двапати се запиша во листата на стрелците со голови во 38 и 56 минута од средбата.

Гостите беа и со играч помалку од 65 минута поради црвениот картон на Ескесен.

Но, тоа што го одбележа мечот беше прекинот во текот на првото полувреме, кога главниот судија одлучи да не продолжи истиот додека публиката на трибините социјално не се дистанцира со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Проценето е дека далечината помеѓу навивачите на Алборг не е според правилата од страна на данската Влада. Некако успеаја да ги дистанцираат на еден до два метри навивачите и продолжи натпреварот..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот