Студија: Повеќе се исплати вложувањето во Лего коцки отколку во злато

Лего коцките вредат повеќе од злато/Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Вложувањето во Лего коцки е поисплатливо отколку вложување во злато, недвижности и вино, покажа истражување. Докажано е дека пазарот со користени лего коцки може да расте и до 11 насто годишно, што е побрза и подобра стапка од онаа на златото, акциите, обврзниците, филателистичките марки и вината.

Истражувачите од Високата школа за економија на Русија (ХСЕ) рекоа дека може да се оствари голема добивка од вложување во необични производи чие купување може да изгледа помалку несериозно, мислејќи притоа на Лего сетови, кукли Барби, мини фигури на суперхерои или модели на автомобили и возови.

-Навикнавме да мислиме дека луѓето купуваат предмети како накит, антиквитети или уметнички дела како вложување. Меѓутоа постојат и други опции како колекционерски играчки. Десетици илјади зделки се склопуваат на секундарниот Лего пазар. Дури земајќи ги во предвид ниските цени од повеќето комплети, овој е огромен пазар кој традиционалните инвеститори не го познаваат многу добро, рече Викторија Добринскаја, вонредна професорка на ХСЕ.

Колекционер на Лего коцки од Виетнам со над 2 милиони парчиња/Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Најскапите секотив вклучуваат Millennium Falcon, Death Star II и Imperial Star Destroyer од Војна на ѕвездите, како и Таџ Махал. Студијата кои ги проучувала цените на 2.322 различни Лего комплети од 1987 до 2015 година, покажуваат дека факторите како ограниченото производство, колекционерски посебни изданија и недостигот на секундарниот пазар значително ги покачија цените во текот на годината. Се проучуваше продажбата само на новите неотворени комплети.

-Комплетите произведени пред 20-30 години предизвикуваат носталгија кај обожавателите на Лего коцки, а нивните цени неверојатно скокаат. Но и покрај големата исплатливост на Лего сетовите на секундарниот пзар, не се сите комплети еднакво успешни. Мора да бидете вистински обожавател на Лего коцки за да ги препознаете пазарните нијанси и да ги увидите потенцијалните вложувања во одреден сет“, рече Добринскаја за Гардијан.

Во декември Лего, најголемиот светски производител на играчки, им додели на своите 20.000 вработени по дополнителни три дена одмор и посебни бонуси откако извести за исклучителна година на приходи и заработка. Продажбата на Лего порасна во текот на локдаунот поради пандемијата од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот