Апликации Фејсбук и Инстаграм на мобилен телефон/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Студија покажа што се случува со луѓето откако 6 недели ќе се откажат од Фејсбук и Инстаграм

Истраживачите дошле до интересни откритија откако 36.000 луѓе, кои ги користеле Фејсбук и Инстаграм најмалку 15 минути на ден, убедиле да се откажат од социјалната мрежа во период од шест недели. Резултатите покажале видливо подобрување во нивната ментална состојба, што дополнително ја поттикнало дискусијата за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје, пишува „Њујорк пост“.

Детали за истражувањето

Истражувачите од Стенфорд спровеле експеримент во пресрет на претседателските избори во САД, во период на зголемени политички тензии и жестоки онлајн дебати. Во истражувањето учествувале 36.000 луѓе кои поминувале најмалку 15 минути на ден на социјалните мрежи. Од некои од нив било побарано да ги деактивираат профилите на социјалните мрежи шест недели, а од некои било побарано да не ги користат мрежите една недела.

Значајни позитивни ефекти

Најизразени резултати биле забележани кај 27 отсто учесници кои успеале да останат без социјални мрежи подолго време. Нивната емоционална состојба била значително подобра отколку во контролната група.

Се покажало и дека ефектите зависат од платформата. Кај корисниците на Инстаграм, било забележано помало зголемување на благосостојбата, при што најголема корист имале жените на возраст меѓу 18 и 24 години. Кога станува збор за Фејсбук, најголемо подобрување почувствувале корисниците постари од 35 години.

Префрлување на други апликации

Истражувањето, сепак, покажало едно важно ограничување. Додека во некои извештаи од Австралија се наведува дека младите откако ќе се оддалечат од социјалните мрежи поминуваат повеќе време надвор и во природа, учесниците во американската студија често само се префрлиле на други апликации. Ова укажува дека подобреното расположение понекогаш било последица на префрлувањето на друга платформа, а не нужно на помалку време поминато пред екран.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот