Студија на Оксфорд: Вирусот веќе го прележале половина од Британците?

Иако звучи како лажна вест, сепак истражувачите од Универзитетот во Оксфорд претпоставуваат дека епидемијата на ковид-19 во Британија почнала да се шири уште во текот на јануари и дека досега повеќе од половина од популацијата се заразила.

Со коронавирусот ковид-19 можеби веќе е заразено половина од населението на Велика Британија, се вели во студијата изработена од истражувачите на Универзитетот од Оксфорд.

Доколку објавените резултати се потврдат, тогаш ќе се докаже дека само еден од 1.000 заразени лица со вирусот има потреба од болничка нега. Огромниот дел од популацијата воопшто не знае дека е заразен, додека помал дел чувствуваат поблаги симптоми.

– Веднаш треба да почнеме со масовни серолошки испитувања, односно тестирања на антителата, за да можеме да дознаеме до кое ниво е епидемијата – вели д-р Сунетра Гупта, професор по епидемиологија, а воедно и предводник на истражувањето.

Иако звучи како лажна вест, сепак истражувачите од Универзитетот во Оксфорд претпоставуваат дека епидемијата на ковид-19 во Британија почнала да се шири уште во текот на јануари и дека досега повеќе од половина од популацијата се заразила. Ова истражување се коси со сите досегашни, а најмногу со она што беше претставено од Империјалниот колеџ во Лондон, чии резултати помогнаа во креирањето на официјалната владина политика.

Прочитајте и...  Американска помош во заштитни средства за албанските лекари

– Изненадена сум од неквалификуваната постапка што произлезе од истражувањето на колегите од Империјалниот колеџ – додава Гупта.

Сепак, докторката не сака да ја критикува британската влада за преземените мерки на изолација, бидејќи оксфордското истражување сè уште не е потврдено, а дури и да е во потполност точно, општественото дистанцирање ќе го намали бројот на луѓе што ќе добиваат сериозни симптоми, со што ќе се намали притисокот врз здравствениот систем.

Оваа студија е заснована на податоците на заразата за тоа што се случува во Италија и во Британија, како и стапката на смртни случаи од овие две земји.

Со ова истражување повторно се става фокус врз колективниот имунитет, со што ќе се обезбеди општ имунитет на вирусот, кога поголем број луѓе ќе ги прележат симптомите. Интересно, но токму премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, беше еден од ретките што на почетокот од месецов предлагаше сличен модел за справувањето со епидемијата.

Прочитајте и...  Откриен суперносител во Чикаго: Сѐ почна на погреб, па продолжи на роденден - вака се пренесуваше коронавирусот

Кога е Велика Британија во прашање, потврдувањето на оксфордската теорија би значела дека земјата веќе го достигнала неопходниот степен на имунизација од коронавирусот, кој се пренесува од човек на човек веќе два месеца. Тоа би значело дека забраната за движење и другите рестриктивни мерки, би можеле веднаш да бидат отстранети.

За обезбедување на неопходните докази, Универзитетот од Оксфорд оствари соработка со Универзитетите на Кембриџ и Кент, со цел да се обезбеди објективно согледување на фактите од три независни извори. Резултати ќе бидат познати за неколку денови.

Прочитај повеќе

Чешка и Литванија ќе одржат избори во октомври

МИА Агенција

Американци направија коронабункер, подготвени се дури и ако пандемијата трае со години (ВИДЕО)

Слободен печат

Три медицински сестри од Британија кои наместо заштитни одела носеа вреќи за ѓубре заразени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Слободен печат

Германија продолжува да го зголемува извозот на оружје

МИА Агенција

АХВ потврди дека нивна вработена е заразена со коронавирусот

Слободен печат

Американските федерални резерви воведоа нови мерки за американските компании

Дејан Андоновиќ

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нова жртва на коронавирусот во Косово, досега седуммина починати

МИА Агенција

Жителите на Москва бегаат на село, а локалното население се жали дека со себе го носат коронавирусот

Слободен печат

Шпанија ја продолжи вонредната состојба до 26 април

Слободен печат

Бебето со Ковид 19 било во болница во Кочани, се чекаат 16 брисеви од вработените

Џонсон го напуштил Одделот за интензивна нега

МИА Агенција

Г-20 на онлајн самит ќе ги ги разгледува мерките за стабилизирање на нафтениот пазар

МИА Агенција