Студенти од сите универзитети маршираат за своите права, протестот почна пред Владата

Фото: Радио Слободна Европа

Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор”.

Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите.

Учесниците на маршот од пред Владата се упатија пред Министерството за обарзование и наука, каде ќе бидат повторени барањата за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.

-Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студенстки марши би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применуваво наредните години и генерации после нас, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.

На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Собранието денеска се одржа средба на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири со студенти и пратеници, на која беше претставен проектот на МОН вреден околу 20 милиони евра, поддржан од Германската развојна банка.

Министерот информираше дека според планот од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов” во Скопје, каде е оценето дека условите се најлоши.

Во организација на младинското движење „Студентски отпор” пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.

Од Владата вчера порачаа дека се работи на сите прашања заради кои се повикува на протести и оти во најскоро време ќе има решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот