Струга против Есперанж од Луксембург игра за плеј-оф во Конференциската лига

фото: F.C. Struga

Денеска од 17.00 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ екипата на Струга Трим Лум ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург.

Од клубот информираат дека билетите за денешниот натпревар ќе може да се купуваат и пред стадионот на ФФМ од 15.00 часот.

Актуелниот македонски шампион во првенството имаше успешна „генералка“ со триумфот во првото коло на домашен терен против Гостивар (2:0).

По несреќната елиминација од литванскиот Жалгирис во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, играчите на Шпетим Дуро во второто квалификациско коло од Конференциската лига со две победи го исфрлија црногорскиот Будуќност.

Тренерот на струшкиот тим, Дуро верува во квалитетот на неговите фудбалери и неговата желба е влез во групите на Конференциската лига.

А Струга Трим Лум може да испише историја и биде првата екипа од Македонија што би се нашла за првпат во групната фаза од Конференциската лига.  Доколку успее да го елиминира Есперанш, во плеј-офот ќе игра со поразениот од двомечот во третото квалификациско коло во Лига Европа кој се сретнуваат Зрињски од Босна и Херцеговина и Бреидаблик од Исланд.

Главен судија на денешниот меч во Скопје меѓу Струга и Есперанж ќе биде Јакоб Александер Сукоб од Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот