Фото: Heritage Auctions / Ferrari / Profimedia

Стрип во кој за првпат се појавува Супермен продаден за рекордни 15 милиони долари: Претходно бил украден од Николас Кејџ

Ретка копија од стрипот од 1938 година што го претстави Супермен на светот е продадена на анонимен колекционер за 15 милиони долари, пренесува Би-би-си.

Приватната продажба на копијата од „Акциони стрипови“ број 1 – некогаш украдена од домот на актерот Николас Кејџ и вратена повеќе од една деценија подоцна – беше објавена во петокот.

Претходниот рекорд за продажба на стрип беше поставен во ноември, кога беспрекорниот „Супермен број 1“ достигна цена од 9,12 милиони долари на аукција. И двете продажби далеку ги надминуваат оригиналните цени од 10 центи – или околу 2,25 долари во денешни пари.

Дебито на Супермен е една од неколкуте приказни антологизирани во „Акциони стрипови“ број 1, на кои им се припишува дефинирањето на жанрот на суперхерои каков што го знаеме сега. Се смета дека постојат помалку од 100 примероци.

Продажбата на „Акциони стрипови“ во петокот беше договорена од „Метрополис колектиблс/Комик конект“ со седиште во Њујорк, која соопшти дека и сопственикот на стрипот и купувачот сакале да останат анонимни.

Фото: Heritage Auctions / Ferrari / Profimedia

Брокерот рече дека копијата била оценета со девет од можни 10 поени од компанијата „Сертифајд гаранти“, која е специјализирана за автентикација на колекционерски предмети – што ја прави копија од стрипот со највисок резултат досега.

Брокерот рече дека нејзината вредност е дополнително зголемена поради нејзината позната поврзаност со холивудската ѕвезда Кејџ. Акерот ја купил оваа конкретна копија во 1996 година за 150.000 долари – рекордна цена во тоа време.

Но, стрипот бил украден за време на забава во домот на Кејџ во 2000 година и бил пронајден – во складиште во Калифорнија – дури во 2011 година.

– Во текот на тој 11-годишен период, неговата вредност вртоглаво порасна. Крадецот му заработил на Николас Кејџ многу пари крадејќи го – рекол , Стивен Фишер извршниот директор на Метрополис колектиблс/Комик конект“.

Кејџ повторно ја добил копијата и, шест месеци подоцна, ја продал на аукција за 2,2 милиони долари.

Фишел ја спореди историјата на стрипот со дрската кражба на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи од музејот Лувр во Париз во 1911 година, што го трансформирало тогаш малку познатото дело во најпознатата слика во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот