Стравува за својот живот: Храбрата новинарка која го интервјуираше талибанскиот лидер, побегна од Авганистан

Авганистанската новинарка која интервјуираше талибански лидер сега побегна од Авганистан/ Фото: Screenshot TOLO News Twitter

На почетокот на август, кога талибанците и официјално ја презедоа контролата над Авганистан, водителката Бенешта Арганд (24) влезе во историјата на Авганистан како првата водителка која во живо на телевизијата Толо, интервјуираше талибанец. Тој разговор го шокираше светот.

Два дена подоцна, Арганд повторно ја премина црвената линија. Таа ја интервјуираше Малала Јусафзаи, познатата пакистанска активистка.

Неколку дена потоа, Арганд одлучи да го напушти Авганистан, стравувајќи по својот живот, како и многумина други новинари од земјата. Таа во интервју за Си-Ен-Ен ги опиша последните две недели од нејзиниот живот.

„Ја напуштив земјата бидејќи, како и милиони останати, се плашиме од талибанците“ изјави Арганд.

Сад Мохсени, директорот на Толо, изјави дека случајот со Арганд е добар пример за состојбата во Авганистан.

Арганд изјави дека интервјуто со талибанецот и било многу мачно, но тоа го направила за правата на Авганистанките.

„Си реков себеси, од некој мора да почне. Ако останеме во домовите и не одиме на работа, они ќе речат дека жените не сакаат да работат. Поради тоа си реков „почни да работиш“. Му реков на талибанецот дека ние жените сакаме свои права, да сакаме да работиме и дека мора да бидеме дел од општеството. Тоа е наше право“ раскажа таа.

Таа додаде дека се надева еден ден дека ќе се врати во Авганистан.

„Ако талибанците го направат тоа што го кажаа, што го ветија и ситуацијата се подобри, ако се чувствувам безбедна, ќе се вратам во мојата земја и ќе работам за мојата држава и мојот народ“ додаде Арганд.

ФОТО: Водителка интервјуира талибанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот