ФОТО, принтскрин Twiter- Руски дрон

Страв во Литванија поради дронови кај границата со Белорусија — жителите добија повик да се засолнат, претседателот и премиерката беа евакуирани

Жителите на Вилнус денеска беа повикани да се засолнат, а литванскиот претседател и премиерката беа одведени на безбедни локации поради тревога за активност на дронови блиску до границата со Белорусија. Инцидентот ја нагласи нервозата на источното крилo на НАТО поради навлегувања поврзани со руската војна против Украина, објави „Асошиејтед прес“.

Во итното соопштение на војската, жителите на регионот Вилнус беа повикани „веднаш да се упатат во засолниште или на безбедно место“.

Одлуката за соборување на украинскиот дрон беше оправдана и без колатерална штета, вели Естонија

Тревогата, која траеше околу еден час, доведе и до затворање на воздушниот простор над аеродромот во Вилнус. Претседателот Гитанас Науседа и премиерката Инга Ругиниене беа одведени во засолништа, а наредба за евакуација имаше и во литванскиот парламент, Сејмот, објави агенцијата БНС.

Станува збор за првата голема тревога што ги натера жителите и политичките лидери во главен град на земја членка на Европската Унија и НАТО да брзаат кон засолништа од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

— Врз основа на параметрите што ги видовме, најверојатно станува збор или за борбен дрон или за дрон дизајниран да ги измами системите и да привлече цели. Електронските противмерки во ваков случај не можат да ни кажат дали експлозивна направа детонирала или не. Тоа е многу, многу тешко — изјави на прес-конференција директорот на литванскиот Национален центар за управување со кризи, Вилмантас Виткаускас.

Билансот на мртви од руските напади на Киев се искачи на 24, од кои три се деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот