Страшни вести: Поранешниот српски репрезентативец Јеловац доживеал мозочен удар на тренинг

Различни се информациите за состојбата на Стеван Јеловац, едни медиуми тврдат дека е стабилна, а други дека следните 48 часа се клучни/ фото: Daniele Montigiani / LaPresse / Profimedia

Српскиот кошаркар Стеван Јеловац се наоѓа во болница во Атина откако во неделата доживеал мозочен удар на тренингот на АЕК.

Грчките медиуми пренесуваат дека Јеловац се чувствувал лошо и дека само колабирал, за во меѓувреме да се појави информација дека врз него бил извршен и оперативен зафат.

Што се однесува до актуелната здравствена ситуација на Јеловац, медиумите се поделени, едни тврдат дека неговата состојба е стабилна, додека водечките грчки медиуми пак пишуваат дека наредните 48 часа се клучни и критични за животот за поранешниот српски репрезентативец.

АЕК вчера играше натпревар во Лигата на шампионите на ФИБА против Рига, а плејмејкерот на грчкиот тим Кино Колом, победата му ја посвети токму на Јеловац.

– Ова е повеќе од кошарка,здравјето е најважно и сите се надеваме дека Стеван ќе се опорави. Оваа победа е за него, сите му посакуваме сè најдобро и се надеваме дека наскоро повторно ќе биде со нас – изјави Колом.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот