Страшни „бикови“: Седма титула во низа, 102 голови на 30 натпревари!

фото: твитер

Најдоминантниот тим во австрискиот фудбал, Ред Бул Салцбург ја одбрани титулата шампион со победата над Хартберг од 3:0.

На две кола до крајот на сезоната одличната екипа на американскиот тренер Џеси Марш има 11 бодови повеќе во однос на ЛАСК од Линц кој се предаде во трката за титулата после поразот дома од Волфзбергер (0:1).

За Салцбург ова е седма титула по ред, во натпреварувачката 2019/2020 постигнаа неверојатни 102 голови на 30 натпревари во првенството.

Ова значи одличен просек од повеќе од три голови по натпревар. Дефинитивно еден од најдоминантните во Европа и пошироко кога се во прашање реализираните голови.

Само колку за споредба моментно второпласираниот Рапид има „само“ 60 погодоци од 30 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот