Стотка на Куманово, МЗТ Скопје го загуби третото место

фото: druga.aba-liga.com

Со одигрување на денешните два натпревари, заврши регуларниот дел во кошаркарскиот шампионат. Големо изненадување направи Црн Дрим кој го совлада МЗТ Скопје со90:88, додека Куманово со 112:78 го декласира Вардар.

МЗТ Скопје неочекувано загуби од последнопласираниот тим во лигата иако со победа можеше да дојде до второто место, но се чини одбраа да калкулираат. Доколку славеа и беа втори во евентуалното полуфинале ќе играа со Работнички, а вака  „металците“ ги очекува плеј-оф пресметка со Куманово, а во евентуалното полуфинале би се сретнале со Пелистер кој е лидер на табелата.

Одлучувачки момент на натпреварот беше последната четвртина во која кошаркарите на Црн Дрим на противникот му дозволија да постигне само 16 поени. Најдобар кај Црн Дрим кого го очекува разигрување за опстанок во првата лига беше Стаменковиќ со 21 поен, додека кај МЗТ Скопје се истакна Бојиќ со 20 поени.

И Кумановци победата иако беше убедлива, ја обезбедија во последната четвртина која ја добија со 37:9. Џекиќ со 29 поени и 11 скокови беше најдобар кај Куманово, додека во редовите на Вардар се истакна Дикембе со 26 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот