Протест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Стоп за Усје“ – Точно напладне протестен марш за чист воздух

По двете одржани блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска  ќе одржи протестен марш како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.

Од Влада, Собрание, па до Министерство за животна средина и просторно планирање ќе се одвива денешниот протестен марш кој ќе започне во 12 часот од улицата „Илинденска“, односно од пред Владата.

„Оваа сабота одиме на марш, поради молкот на институциите и бегањето од одговорност! Излегуваме на улица за правото на чист воздух и за конечно институциите да почнат да реагираат, бидејќи ниту еден профит не е поважен од животот на граѓаните. Ајде заедно да кажеме СТОП за труењето од Усје. Се гледаме во сабота!“, стои во повикот на Стоп за Усје.

Организаторите инсистираат на мирен протест без партиски обележја, со што се обидуваат да ја зачуваат автентичноста на еколошката кауза и да спречат политичка инструментализација на правото на чист воздух.

МВР соопштија дека денеска напладне во центарот на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

 

МАПА | Еве кои улици во Скопје утре напладне ќе бидат затворени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот