Илустративна фотографија за кафе за носење / Фото: Pexels

Стоматолог сподели совети по предупредувањето дека омилениот пијалак ги оштетува забите

Леденото кафе, односно со мраз, чија популарност постојано расте, може да ви наштети на забите без да сте свесни за тоа, а една честа навика дополнително го влошува проблемот. Стоматолозите предупредуваат дека проблемот не е толку во самиот пијалак, колку во начинот на кој го пиеме, а имаат лоши вести за милиони луѓе што го пијат своето ладно кафе полека наутро, пишува „Унилад“.

Д-р Дипа Чопра, стоматолог во „Вајтс дентал“, вели дека проблемот не е нужно во содржината на шолјата, туку начинот на кој пиете. 

– Иако леденото кафе може да изгледа како полесна и поосвежителна опција, од стоматолошка перспектива може да биде доста штетно, особено кога се пие бавно, во подолг временски период – рекла таа.

Зошто ладното кафе е лошо за забите?

Кафето е природно кисело, а киселината ја ослабува забната глеѓ. Но, кога се служи со мраз и му се додаваат сирупи, ароми и засладувачи, што е вообичаено кај популарните верзии на ледено кафе, потенцијалната штета значително се зголемува.

– Многу пијалаци од ледено кафе содржат додадени шеќери или ароматизирани сирупи, со кои се хранат бактериите во устата. Овие бактерии потоа произведуваат киселина која ја напаѓа глеѓта, со што се зголемува ризикот од кариес – објаснила д-р Чопра.

Проблемот е особено изразен кај оние што го пијат пијалакот бавно. За разлика од врелото кафе, кое повеќето луѓе го пијат релативно брзо, ладното кафе често се пие со часови.

– За разлика од врелиот пијалак, кој обично се пие релативно брзо, ладното кафе често се пие подолг временски период. Ова значи дека забите се постојано изложени на киселината и шеќерот, што го продолжува нивното штетно дејство – додала таа.

Може ли да има трајно оштетување?

Според д-р Чопра, одговорот е да, а штетата често е неповратна. Еднаш оштетената глеѓ не може да се обнови.

– Еднаш кога глеѓта ќе се истроши, таа не се обновува. Редовното изложување на кисели пијалаци како леденото кафе може полека да го нагризува тој заштитен слој и да ги направи забите почувствителни – рекла таа.

Освен структурното оштетување, тука е и естетскиот проблем. Доктор Чопра истакнува дека леденото кафе еднакво лесно остава дамки како и врелото, што редовните консументи можеби веќе го забележуваат.

Како да ги заштитите забите

Сепак, има и добри вести. д-р Чопра бара да се откажете од вашиот омилен пијалак, но истакнува дека неколку едноставни промени можат да направат голема разлика за здравјето на забите. Таа советува ладеното кафе да го испиете во пократок период, наместо да потпивнувате со часови, бидејќи продолжената изложеност е најголемиот проблем. Таа исто така препорачува да изберете верзии со помалку додаден шеќер и да избегнувате ароматизирани сирупи. Откако ќе го испиете кафето, добро е да ја исплакнете устата со вода за да се неутрализира киселоста во устата.

Еден совет може да изненади многумина, не ги мијте забите веднаш по пиењето кафе. Доктор Чопра објаснува дека киселината од кафето привремено ја омекнува глеѓта. Миењето во оваа состојба всушност може да го забрза нејзиното трошење наместо да помогне. Иако не мора целосно да се откажете од леденото кафе, советот е да бидете повнимателни во начинот на кој го пиете. Оштетувањето се случува бавно и, додека го забележите, може да биде предоцна да се поправи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот