Стојковски беше херојот на 100 дерби меѓу Црвена звезда и Партизан (ВИДЕО)

фото: telegraf.rs

На денешен ден пред точно 25 години на празникот „Ѓурѓовден“, „црвено-белите“ го славеа поранешниот македонски репрезентативец..

Поранешниот македонскир репрезентативец во интервјуто за српскиот „Телеграф“ се потсетува на 100 вечно дерби помеѓу најголемите фудбалски ривали, Црвена звезда и Партизан.

Токму на празникот на обновувањето на природата и на животот воопштво, „Ѓурѓовден“, на натпреварот одигран во 1995, пред точно 25 години, Митко Стојковски донесе победа за „црвено-белите“ (2:1).

Поранешниот дефанзивец на Црвена звезда остана во срцата на навивачите на овој клуб, кој на тој незаборавен меч изнуди пенал во 79 минута кој го реализираше Дарко Ковачевиќ, а потоа се погрижи и за целосен пресврт шест минути подоцна.

Пресврт и обезбедување на титулата пред полните трибини на „Маракана“..

Можам да кажам дека тој натпревар ја одбележа мојата кариера. Луѓето и сега се сеќаваат, без оглед на тоа што одиграв над 100 натпревари за Црвена звезда, не се памети ништо од тоа што направив во делот на одбраната, но се памети тоа што го направив во нападот на тоа 100 дерби. Беше многу важен натпревар, имаше повеќе од 80.000 илјади луѓе на трибините, тогаш се стоеше на Северот и Југот од стадионот. Ја сместив топката во мрежаѕа, следуваше скок преку рекламата, трчав кон Северот…Кога застанав напред, помислив дека трибината ќе падне. Само видов како сите (навивачите) тргнаа надолу. Емоции, адреналин, сè беше фантастично – се зборовите на Стојковски.

Во својата кариера освен за Црвена звезда, беше дел уште од екипите на Пелистер, Реал Овиедо и Штутгарт, а за најдобрата македонска репрезентација има 34 натпревари и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот