Стојчевски од Академија Пандев во словачката Жилина

Андреј Стојчевски потпиша договор со Жилина до крајот на 2026 година/Фото: instagram.com/mskzilina/

Играчот од средниот ред, Андреј Стојчевски (18) направи трансфер од Академија Пандев во редовите на Жилина од Словачка.

Стојчевски досега го носеше дресот на „пандевци“ кои моментно се второпласирани во Првата македонска фудбалска лига.

Нашиот талентиран играч нема да биде дел од првата екипа, туку најпрво ќе тренира и игра Б-тимот на Жилина.

Стојчевски потпиша договор со новиот клуб кој ќе трае до 31 декември 2026 година.

– Пред сè, многу сум среќен што сум тука и што сум дел од овој клуб. Агентите ми кажаа за интересот на Жилина, за мојот пријател Енис Фазлагиќ (поранешен играч на клубот) тоа беше многу добра одлука во кариерата. Затоа, на моја возраст е најдобар чекор е да дојдам во Жилина каде што можам да одам напред, растејќи како фудбалер. Тоа е најдобриот клуб во Словачка за младите играчи. Токму затоа сум тука, да бидам искрен. Многу сум возбуден и сакам да му помогнам на клубот со моите настапи – рече Стојчевски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот