Стојановски повторно тренира со францускиот Гравелин Данкерк

фото: kfsm.mk

Откако ги надмина сите компликации со транспортот, а потоа ги помина и задолжителните лекарски тестирања, Војдан Стојановски може да ја продолжи својата мисија како играч на Гравелин Данкерк.

Предводникот на македонскиот национална репрезентација пристигна во Франција уште пред неколку дена, но мораше да ги мине сите медицински протоколи пред да добие зелено светло за да му се стави на располагање на стручниот штаб.

Токму затоа нашиот кошаркар ги пропушти мини-подготовките на својата екипа кои беа реализирани во Белгија, но му се приклучи на тимот веднаш по враќањето на екипата во Франција.

Од клубот го поздравија враќањето на најдобриот македонски кошаркар и му посакаа многу успех во новата сезона.

32-годишниот играч претходно настапуваше уште за Вардар, АМАК СП, Напредак Крушевац, Фени Индустри, Черкаски Павпи, Доњецк, Алба Берлин, МораБанк Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург и По-Ортез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот