Стоилов:  Некој ќе плаче на крај, се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ

rkvardar.mk

Европскиот шампион Вардар, викендов (сабота 17.30 ч.) го очекува пресметка со добро познат ривал во Лигата на шампионите, полскиот Киелце.
Вардарци по двата порази од Кил и од Веспрем, во последното коло го совладаа Мешков Брест и се врати на победничките патеки.

– Во групата сите се блиску, секоја победа те исфрла напред, секој пораз те фрла назад. Ќе направиме се за да оствариме триумф. Ситуацијата не е лесна за нас, имаме многу повредени ракометари, моментно и не знаеме со кого располагаме, но ќе се обидеме да победиме – изјави тренерот Кокшаров.

Саботниот натпревар ќе биде и емотивен за двајца ракометари на полскиот тим бидејќи во минатото го носеа дресот на Вардар, Алекс Душебаев кој до 2017 година го носеше црвено-црниот дрес и Игор Карачиќ кој пак летово, веднаш по освојувањето на втората европска титула, се пресели во Киелце.
Капитенот на Вардар, Столе Стоилов очекува интересна пресметка со поранешниот соиграч и добар пријател.

– Сум играл многупати со репрезентација против Кара, но сега ќе биде поинаку. Некој ќе плаче на крај, а се надевам дека тоа ќе биде токму тој. Не очекува тежок меч со Келце, кој е секогаш незгоден, секогаш играме интересни натпревари со многу борба и тензија, па верувам дека така ќе биде и сега. И тие се во иста ситуација како нас, со многу повредени играчи и лимитирана клупа. Играме пред наша публика, и наше е да дадеме се од себе и да победиме – вели Стоилов кој полека се враќа во натпреварувачки ритам по операцијата на коленото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот